Скајлер Бадило, поранешна вработена во американскиот МЛС Клуб, Њујорк сити ФЦ, тврди дека славниот шпански голгетер Давид Вилја постојано сексуално ја вознемирувал додека бил во клубот и дека управата на клубот не направила ништо да ја заштитат.
Вилја, поранешниот фудбалер на Барса и Валенсија, беше супер-успешен во МЛС лигата, постигнувајќи 80 гола во 126 меча во четири сезони со клубот од Њујорк, кој е во сопственост на газдите на Манчестер сити. Сега, 38-годишниот Шпанец е под „лупа“ по обвинувањата на Бадило.
„Тоа што го доживеав во Њујорк сити беше толку лошо што ме плаши да работам во професионалниот спорт. Ја менувам кариерата поради ср.њата кои ми ги направија и ми ги уништија соништата. Наместо тоа го добив Давид Вилја кој ме допираше секој е.ен ден и шефовите кои сметаа дека тоа е нешто за смеење“, тврди Бадило.
Вила ги отфрла обвинувањата, велејќи дека тврдењата на Вилја се измислени, но побара истрага во клубот.