Смртта на Диего Марадона длабоко го потресе фудбалскиот свет. Легендарниот Аргентинец почина минатата среда во својот дом, а во четвртокот беше погребан на гробиштата „Бела Виста“, во Буенос Аирес.
Марадона во Аргентина имаше статус на божество. Поради тоа и не е чуди што медиумите со денови пишуваат само за него.
Телевизијата „Америка“, ја објави последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред смртта. Пораката му ја испратил на Марио Баудри, кој е во врска со неговата поранешна сопруга Вероника Охеда.
Марадона и Охдеа во врска беа неколку години. Од таа врска го имаат синот Диего Фернандо, кого сите го знаат како Диегиот или малиот Диего.
„Здарво Марио. Овде Диего. Знам дека ова ќе ти звучи чудно, но јас и Веро сме во добри односи, таа ми кажа дека сте заедно. Чувај е и особено да ми го чуваш мојот мал ангел Диегито. Него не можам да го споредам со никого. Види, имам многу деца, но поради него целосно ќе обелам во главата“, порачал Марадона.