Фаворитките со победи го отворија Европското првенство во ракомет во Данска и Норвешка, откако Русинките со фантастично второ полувреме ја декласираа Шпанија со 31:22, додека Германките потешко од очекувањата со 22:19 беа подобри од Романија.
Во дуелот на две репрезентации кои освоија медали на СП во 2019, Русинките имаа фантастично второ полувреме. Дарја Дмитриева, Владлена Бобровникова и Антонина Скоробоготченко имаа по 4 гола за „зборнаја“.
Германија пак, направи рано водство, кое беше клучно до крајот на мечот, и покрај фантастичната партија на романската голманка Јулија Думанска. Романките успеаја да израмнат во второто полувреме, но Германија повторно се врати за победа. Фантастичните 15 одбрани на Думанска не беа доволни откако во нападот Романките имаа само 44 отсто успешност, а првата ѕвезда Кристина Неагу имаше само 4 гола.
ЕП ЖЕНИ 2020
ГРУПА Б
Русија – Шпанија 31:22 (13:11)
Шведска – Чешка 20.30 ч.
ГРУПА Д
Романија – Германија 19:22 (10:13)
Норвешка – Полска 20.30 ч.