Top Sport

Норвежанките со моќен старт за да се заборави 2018

Женската норвешка ракометна репрезентација имаше фантастичен старт на Европското првенство,м откако со 35:22 ја „прегазија“ Полска во обид да се заборави на 2018, кога со петтото место на шампионатот го имаа најслабиот пласман последните две децении.

Расположени за игра, Нора Мерк се врати со шест постигнати голови, колку што имаше и Хени Реистад, а Камила Херем додаде пет за доминантна победа над Полјачките и најава за силен турнир.

И Швеѓанките остварија победа, иако потешко од очекувањта со 27:23 над Чехинките во вториот меч во групата Б, каде што се и Русија и Шпанија.

ЕП ЖЕНИ 2020

ГРУПА Б

Русија – Шпанија 31:22 (13:11)

Шведска – Чешка 27:23 (13:13)

ГРУПА Д

Романија – Германија 19:22 (10:13)

Норвешка – Полска 35:22 (17:13)

Scroll to Top