Top Sport

Французинките преку Данска, Србинките си одат дома

Франција со 23:20 ја совлада Данска во големото дерби на Европското првенство во ракомет во Данска за прво место во групата А и максимален број на поени во втората рунда, додека светските шампионки, Холанѓанките со 28:24 ја победија Унгарија, резултат кој значи дека Србија испаѓа уште во првата фаза.

Во меч во кој одбраната и голманките имаа главна улога, Французинките на крајот славеа и ќе носат максимални 4 поени во втората рунда, додека Данките одат со два поени. Грејс Сади Дона и Орлан Канор беа најдобри за Франција со пет постигнати голови, додека кај Данките, Ане Хансен, Кристина Јоргенсен и Миа Бидструп постигнаа по четири гола.

На Србија по поразот од Хрватска (25:24) им требаше победа на Унгарија за пласман во втората рунда, но Холанѓанките се вратија по негативата од првото полувреме за 28:24 победа, нивна прва на шампионатот. Хрватска во оваа група носи 4 поени во втората рунда, Холанѓанките 2, а Унгарките ниту еден.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 3.КОЛО

ГРУПА А

Црна Гора – Словенија 26:25 (15:9)

Франција – Данска 23:20 (12:11)

Табела: 1.Франција 6, 2.Данска 4, 3.Црна Гора 2, 4.Словенија 0

ГРУПА Ц

Србија – Хрватска 24:25 (14:14)

Холандија – Унгарија 28:24 (13:15)

Табела: 1.Хрватска 6, 2.Унгарија 2, 3.Холандија 2, 4.Србија 2

Scroll to Top