Најголемата ѕвезда во НБА лигата, 33-годишниот Леброн Џејмс, наредното лето ќе се стекне со статус „слободен агент“. Поради тоа интересот за неговите услуги е огромен, иако малку тимови имаат простор во „селери капот“ да му ја обезбедат платата што му следува според колективниот договор.
Американските медиуми пренесуваат дека Леброн со голема веројатност ја игра својата последна сезона во Кливленд Кавалирс. Според истите извори, Леброн, може да бира помежу четири тима.
Еден од тие четири тима е токму Кливленд, а останатите три се ЛА Лејкерс, Филалделфија и Хјустон.
Според шпекулациите тимот од Лос анџелес е главен фаворит за неговиот потпис. „Езерџиите“ имаат талентиран тим, но и доволно пари во „селери капот“ да го привлечат не само Леброн туку и уште една голема ѕвезда, се шпекулира со името на Пол Џорџ.
Џејмс, како и низ целата кариера и оваа сеозна игра брилијантно, во просек по натпревар бележи 27 поени, девет скока и нешто повеќе од осум асистенции.