Top Sport

Гол шоу на Рома во Болоња, победи за Аталанта и Наполи

Болоња и Рома одиграа едно неверојатно полувреме со шест гола, за на крај „волчицата“ да слави со високи 1:5 на „Бентегоди“, Аталанта продолжи со победите со 3:0 триумф над очајната Фиорентина, додека Наполи се намачи, но славеше со 2:1 над Сампдорија.

„Волчицата“ имаше неверојатен старт на гостувањето кај Болоња – прво Поли во 5-тата минута си постигна автогол, Един Џеко во 10-тата минута зголеми на 0:2, а само пет минути подоцна Лоренцо Пелегрини зголеми на 0:3. Брајан Кристанте си постигна автогол во 24. минута, но Рома ги осигура трите поени и искачување на петтото место на табелата со головите на Верету (35.) и Мхитарјан (44.).

Аталанта ја прекина низата од три меча без победа во Италија со 3:0 победа над Фиорентина со головите на Госенс, Малиновскиј и Толои. Наполи на „Диего Армандо Марадона“ губеше со 0:1 од Сампдорија со голот на Јакуб Јанкто во 20. минута, но Ирвинг Лозано (53.) и Андреа Петања (68.) обезбедија три поени и искачување на третото место на табелата со 23 поени, три помалку од Милан.

СЕРИЈА А, 11.КОЛО

Аталанта – Фиорентина 3:0

Болоња – Рома 1:5

Наполи – Сампдорија 2:1

Scroll to Top