Кристијано Роналдо постигна два гола за на Реал Мадрид да им донесе неочекувано тешка 1:2 победа на гостувањето кај Еибар за „Лос бланкос“ да се доближат на 12 поени заостанување зад Барселона, која вечерва игра со Малага.
Еибар одигра цврст и солиден натпревар, како што му прилега на клуб кој е на осмото место во Ла лига, но двете дефанзивни грешки беа казнети двапати од Роналдо за домашен пораз.
Португалецот прво во 34. минута доби одлична топка од Лука Модриќ и донесе водство за апсолутните фаворити, но Реал се најде во борба за поени, откако Рамис израмни со гол со глава од корнер во 50. минута. Роналдо го реши победникот кога беше оставен сам при нафрлувањето на Карвахал за уште еднаш да ја покаже својата важност за „кралскиот клуб“.
Фото: ЕПА