Ред бул рејсинг официјално потврдија дека Мексиканецот Серхио Перез ќе биде колега на Макс Ферстапен во 2021 година, додека досегашниот возач Алекс Албон ќе ја преземе улогата на резервен возач.
Популарниот Чеко го загуби местото во Рејсинг поинт (кои наскоро ќе се преименуваат во Астон Мартин), откако тие го договирја Себастијан Фетел, и тука почна тешката борба за место следната сезона и покрај неговите одлични резултати и првата победа во кариерата. Од друга страна, Албон имаше многу проблеми на патеката во 2020 и сега ќе биде само резерва во тимот, а Перез е еден од ретките возачи надвор од академијата на Ред бул кој добива место во тимот.
Албон нема да се врати во Алфа таури, каде што следната сезона ќе возат Пјер Гасли и младиот Јапонец Јуки Цунода.
Charging into 2021 with @SChecoPerez! ? #HolaCheco ?? pic.twitter.com/CUE897LBvJ
— Aston Martin Red Bull Racing (@redbullracing) December 18, 2020