Раул Де Томас, напаѓачот на Еспањол, постигна неверојатен гол на натпреварот против Алмерија. Голот на поранешниот напаѓач на Рајо Ваљекано и Бенфика ќе конкурира за гол на сезоната во Шпанија.
Голот на Де Томас во деветтата минута е вистинско мајсторство – идеален прием, сомбреро и лоб од пола терен.
Инаку Еспањол, во второлигашкото дерби, ја победи Алмерија со 2:0. И вториот гол за Еспањол го постигна Де Томас, од пенал во 84.минута.
Раул Де томас е играч на Еспањол од јануари. Клубот за неговиот трансфер од Бенфика издвои 20 милиони евра.