Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо наводно отпатувал во Дубаи за божиќните празници, предизвикувајќи нова дискусија во Италија околу различните правила кои важат за фудбалеритеи за „обичните смртници“.
Според „Ла газета дело спорт“, Португалецот решил да ги помине своите празници во Дубаи, без придржување на карантинот, како еден од повеќето фудбалери од Италија кои си заминаа во потопли предели и места каде што не постојат строги ограничувања на движењето.
Весникот објаснува дека фудбалерите немаат ист проблем при враќањето во Италија, бидејќи за обичните граѓани постои декрет дека тие кои ќе се вратат во земјата од 21 декември до 6 јануари мораат да одат во самоизолација. Фудбалерите можат да тренираат веднаш пред враќањето, а откако ќе добијат негативен тест на КОВИД-19, ќе можат да се приклучат и на тимските тренинзи.
Ова предизвикува бес на социјалните мрежи во Италија, во празничните денови кога многу семејства нема да можат да прославуваат заедно.