Top Sport

Јутјуберот Џејк Пол со брутално видео се потсмева со Мекгрегор и Дејна Вајт

Јутјуберот Џејк Пол, кој очигледно повеќе сака кариера на боксер, предизвика бура реакции со неговото ново видео насочено кон потсмев на луѓето во УФЦ, почнувајќи од шефот Дејна Вајт, ирската мегаѕвезда Конор Мекгрегор и Нејт Дијаз во бизарно видео на социјалните мрежи.

Откако го нокаутираше поранешниот НБА играч, Нејт Робинсон во пред-мечот на пресметката Мајк Тајсон-Рој Џонс Јуниор во ноември, Пол почна да бара противник во светот на ММА. Неговиот брат, Логан ќе влезе во боксерскиот ринг со Флојд Мејведер Јуниор во февруари во еден од најбизарните договорени мечеви, додека Пол му понуди 50 милиони долари на Мекгрегор за пресметка. Откако Мекгрегор воопшто не одговори на предизвикот на 23-годишниот Пол, овој одговори со видео.

Со наслов „ММА хроника, прв дел“, видеото почнува со имитација на УФЦ ветеранот Нејт Дијаз, кој претходно му се закани со „вистински ќотек“ откако тој се обиде да контактира со неговата девојка, манекенката Савана Монтано.

Најбрутално потсмевање е со шефот на УФЦ Дејна Вајт: „Мислам дека треба да се бори со Аманда Нунеш, бидејќи јас имам мал пенис и го пу.ам на Конор Мекгрегор цел ден“.

На крај на мета е Мекгрегор со порака: „Не би си го избришал газот со 50 милиони долари“.

Scroll to Top