Top Sport

Чилаверт се кандидирал за претседател на Парагвај

Легендарниот голман Хосе Луис Чилаверт се кандидирал за претседтел на Парагвај. 53 годишниот Чилаверт, на социјалните мрежи, објавил дека ја започнал својата кампања. Претседателските избори во Парагвак ќе се одржат во 2023 година.

Чилаверт, во кариерата, три пати бил прогласуван за најдобар голман во светот. Негов заштитен знак беа пеналите и слободните удари. Во кариерата постигнал 64 гола.

За Парагвај одиграл 74 натпревари, постигнал осум гола.

Кариерата од 1984 до 2005 година, ја минал во Гуарани, Сан Лоренцо, Сарагоса, Велес, Стразбур и Пењарол.

 

Scroll to Top