Top Sport

Играчите против клубот, го поддржаа Ертел

Продолжува сагата на Тома Ертел во Барселона. Клубот, пред неколку дена, не му дозволи на Ертел да се врати со соиграчите од Истанбул во Барселона, откако откриле дека тој преговара за трансфер во Реал Мадрид.

Ертел, со помош на Родриг Бобоа од Анадолу Ефес, успеал да се снајде во Истабул, а потоа и да се врати во Барселона.

Новинарот Никос Варлас, обајви дека во клубот спровеле анкета и на прашањето дали сакаат Ертел повторно да биде во тимот, сите 13 играчи одговориле со „да“.

Одговорот на кошаркарите е спротивен од она што го очекуваат тренерот Шарунас Јасикевичиус и генералниот менаџер Начо Родригез. Нивна желба е Ертел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата надвор од Шпанија.

Доколку тоа не се случи, Ертел до крајот на сезоната ќе тренира со вториот тим на Барселона и нема да игра натпревари.

Медиумите шпекулираат дека Ертел планирал да го раскине договорот со Барселона на штетат на клубот и да добие 1,2 милиони евра, а потоа за потпис на договорот со Реал да добие уште 500.000 евра.

Scroll to Top