Top Sport

Широков со речиси две години „ограничена слобода“ за нападот на судијата

Рускиот јавен обвинител бара казна од една година и 10 месеци „ограничена слобода“ за поранешниот фудбалер Рома Широков за неговиот шокантен напад на судија на аматерски меч во Москва во август.

Адвокатот на фудбалскиот судија Никита Данченков,кој беше нападнат, вели дека поранешниот руски капитен треба да плати и отштета од 150.000 рубљи (околу 2.000 евра) за медицинските трошоци на судијата.

Претходно се бараше затворска казна за Широков, но наместо тоа се оди на „помека“ варијанта на ограничување на слободата – тој ќе може да излегува од својот дом само во одредено време од денот и нема да смее да учествува на јавни собирања. Тој исто така ќе мора да добие дозвола да го напушти градот.

Поранешниот фудбалер на Зенит и Спартак Москва го нападна Данченков во тек на меч незадоволен од неговата одлука – удирајќи го со бокс и со нозе во глава откако тој беше на тревата.

Екскапитенот на Русија Широков под истрага за напад на судија

Scroll to Top