Во јануари идната година се отвора новиот преоден рок во кој познати фудбалски имиња можат да го променат клубот.
Коронавирусот влијаеше на промената на цената на пазарот, како и на политиката на клубовите.
Ова е листата од 10 фудбалери кои би можеле од идниот месец да облечат поинаков дрес:
1. Пол Погба – често е главна тема во медиумите. Долго се зборува за негово заминување од Јунајтед, а неодамна и неговиот менаџер најави негово скорешно напуштање на „Олд Трафорд“
2. Деле Али – падна во втор план кај Мурињо. Доби критики од менаџерот по победата на Спарси против Стоук во Карабао купот.
3. Мемфис Депај – Лион наводно е подготвен да ја спушти цената за да си оди. Барселона е заинтересирана за неговите услуги
4. Ерик Гарсија – има договор со Сити до наредното лето, а мета е на Барса. Падна во втор план кај Гвардиола откако стигна стоперот Диаз од Бенфика
5. Иско – сезонава нема голема мунутажа во Реал и не е тајна дека сака да си оди од клубот. Арсенал и Евертон се неговите можни следни дестинации.
6. Аркадиуш Милик – без настап е за Наполи сезонава, а договорот му истекува следното лето. Во јануари може да си замине за ниска цена, се поврзува со трансфер во Атлетико Мадрид
7. Жуниор Фирпо – во него луѓето од Барселона гледаа нов Жорди Алба, но 24-годишниот фудбалер не ги исполни очекувањата. Можно е да си оди од „Ноу Камп“ уште во јануари
8. Кристијан Ериксен – никако не може да се навикне на животот во Интер, голема е веројатноста уште зимава да си оди од Милано. Наводно Арсенал го сака Данецот во Лондон.
9. Јулијан Дракслер – има 27 години и може да даде многу повеќе. Голем проблем му се повредите. Го следат Милан, Интер, Јувентус.
10. Флориан Таувин – игра во сјајна форма во Марсеј, но договорот му истекува летоска. Францускиот клуб сака на него да заработи барем 15 милиони евра, за летоска да не го загуби без пари.