„Три дена изолација по доаѓањето во Данска влијаеја на тоа да доживеам тешка повреда на стартот на ЕП. Си го познавам телото, тешко е без тренинг на така силен ривал како што е Норвешка“ рече српската ракометарка Андреа Лекиќ при гостување на еден српски медиум.
Ракометарката која беше дел од ѕвездените моменти на ЖРК Вардар вели дека се плашела од ваков исход.
„Пред такви мечеви, не смеам да не тренирам, да не влезам во теретана. Мојата тетива на тој начин многу тешко функционира. Не верував дека ќе пукне, ама се плашев“ – вели Лекиќ.
Екс-вардарката смета дека иако Србија на хартија има посилен состав од Хрватска, сепак вели дека она што Хрватска го стори на ЕП е ракометна бајка.
„Она што Хрватска го стори на ова ЕП е еден вид ракометна бајка и се се смета за невозможна мисија. Дали им помогна тоа што немаа притисок, не знам, но им симнувам капа. Се бореа како лавици. Јас половина од репрезентативките не ги ни познавам, сега дефинитивно ги запознав“ рече Лекиќ.