Повредите кои го мачеа во последно време можеби ги натераа НБА фановите да заборават каков кошаркар е Стеф Кари, но ѕвездата на Голден Стејт вориорс како да сакаше да ги потсети со неверојатното видео кое го сподели тимот од тренинг на Кари, во кој тој постигнува 105 тројки без промашување, односно шутира повеќе од пет минути пред да згреши!
Двократниот МВП на НБА лигата, останува рекордер со најмногу тројки во една сезона (402), но минатата сезона одигра само пет меча поради повреда.
Вориорс на снимка ги имаат „само“ последните 103 тројки, кои ги брои неговиот долгогодишен асистент Брус Фрејзер, додека тренерот Стив Кер слушна за подвигот подоцна.
„Мислам дека претходниот рекорд беше 77. Тоа е навистина лудо. Не знам дали уште постои Гинисовата книга на рекорди, која ми беше омилена кога растев. Имаме видео да го докажеме тоа“, вели Кер.
5+ minutes without a miss.
Stephen. Curry. pic.twitter.com/8DV0z5gtib
— Golden State Warriors (@warriors) December 26, 2020