Од рускиот спорт честопати ни доаѓаат многу чудни, бизарни и неочекувани работи, така што дали навистина треба да се изненадиме што Руската Премиер лига ни ја честита новата година со поранешниот руски селектор Леонид Слуцки и неговата изведба на песна од Мараја Кери?
Слуцки, кој од 2019 година е тренер на рускиот клуб Рубин Казан, во бизарното видео ја пее „All I Want for Christmas is You“ од Мараја Кери, и игра заедно со своите играчи, јаде колачиња во форма на „ВАР системот“, и на крајот сонува како ја освојува националната титула.
Среќни празници!