Златан Ибрахимовиќ заработи милиони во својата долга фудбалска кариера, така што е сосема нормално да си приушти скап и сосема необичен подарок – шума во Шведска!
Според „Ла газета дело спорт“, напаѓачот на Милан потрошил 3 милиони евра за да си купи парче шума од 1.000 хектари во близината на Оре, блиску до шведската граница со Норвешка.
Ибрахимовиќ сега има дозвола да ја користи областа за лов и риболов, познавајќи дека е голем љубител на овие активности – пред неколку години тој ја посети Македонија на лов во Јасен, привлекувајќи го и својот поранешен соиграч Единсон Кавани. Во 2004 година, тој го навлече бесот на здруженијата за заштита на животните во Шведска, откако на лов застрела лос од 250 килограми.