Маурисио Почетино се враќа во европскиот фудбал, откако францускиот шампион и финалист од Лигата на шампионите, Пари Сен-Жермен потврди дека нивниот поранешен играч ќе биде замената за Германецот Томас Тухел, кој доби отказ на Божиќ.
Почетино се враќа на фудбалот откако во декември 2019 година беше отпуштен од Тотенхем и заменет со Жозе Мурињо, и сега има задача (и речиси неограничен буџет) да го направи тоа што неговите претходници не успеаја – конечно да ја донесе првата европска титула во француската престолнина.
Почетино добива договор до јули 2022 година, со опција за уште една година, а финансиските услови не беа објавени.
Welcome Mauricio Pochettino ? pic.twitter.com/sMXDA7p5Hh
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 2, 2021