Top Sport

Пропаднаа преговорите – Рамос и Васкез ќе го напуштат Реал

Серхио Рамос по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Клубот и фудбалерот не можат да се договорат околу условите под кои Рамос би останал во Мадрид. Медиумите пренесуваат дека пред два дена, Рамос, иамл овен состанок со претседателот Флорентино Перез, на кој го информирал дека има понуда од ПСЖ. Покрај Серхио Рамос, ниту Лукас Васкез не ги прифатил условите кои му ги нуди клубот за да потпише нов договор.

Реал и Рамос не можат да се договорат околу време траењето на договорот и платата. Капитенот бара нов, тригодишен договор и плата од 12 милиони евра по сезона, додека Реал му нудат едногодишен договор и помала плата.

Праксата на Реал е на фудблерите кои се постари од 30 години да им нуди само едногодишна соработка.

Незадоволен од понидените услови бил и Лукас Васкез, кој игра одлично оваа сезона. На 19 натпревари, Васкез, постигнал два гола и забележал три асистенции. Во неделата, против Селта, со гол и асистенција беше играч на натпреварот.

Единствен кој има намера да ја прифати понудата, под условите што ги диктира клубот е Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец има намера кариерата да ја заврши во Реал.

Scroll to Top