Top Sport

Барселона му го продолжи договорот на Рики Пуѓ

Фудбалскиот клуб Барселона му го продолжил договорот на Рики Пуѓ. Овој 21-годишник во Барселона ќе остане до јуни 2023 година.

Одлуката на Барселона да го продолжи договорот со фудбалерот кој потекнува од клупската академија, претставува големи изненадување, бидејќи Роналд Куман му порача дека треба да оди на позајмица.

Куман, на почетокот на својот мандат во Барселона, го означи Пуѓ како „кртот“ кој на новинарите им открива што се случува во клубот.

Договорот на Пуѓ истекуваше на крајот од сезоната, а Барселона ја искористи опцијата еднострано да ја обнови соработката.

Scroll to Top