Top Sport

Французите го повикаа Бен Једер по елиминацијата на Јунајтед

Напаѓачот на Севилја, Висам Бен Једер го доби првиот повик за француската репрезентација за пријателските мечеви во март, два дена откако постигна два гола против Манчестер јунајтед и го донесе својот клуб до четврт-финалето на Лигата на шампионите.

27-годишниот поранешен напаѓач на Тулуз, беше вклучен во тимот на Дидие Дешан за пријателските мечеви против Колумбија на 23 март и против Русија четири дена подоцна.

Франција во Русија игра во групата Ц со Австралија, Перу и Данска.

Бен Једер и Севилја го замолчеа „Олд Трафорд“! (видео)

Scroll to Top