Тренерот на Барселона, Роналд Куман, блескал од среќа по победата над Атлетик во Билбао 3:2. Барса, синоќа, прекина една непријатна традиција и по три години пауза успеа да победи на „Сан Мамеш“.
То триумфот во Баскија, Барселона ја предводеа Лионел Меси со два гола и тинејџерот Педри со гол и асистенција.
„Екипата веќе подолго време добро работи. Мислам дека заслуживме да имаме повеќе бодови. Во овој меч имавме и завршница, што секако доаѓа со големата самодоверба. Мораме вака да продолжиме. Сезоната е долга. Ние сме во трката за титулата, таа се уште е отворена. Знам дека ќе има подеми и падови. Распоредот е густ, можеме да имаме проблеми до крајот на сезоната“, рекол Куман.
Барселона по победата во Билбао се искачи на третото место на табелата, со седум бода помалку од Атлетико и пет од Реал. Барса и Реал одиграле два натпревари повеќе од Атлетико.