Главниот тренер на шкотската рагби репрезентација, Грегор Таунзенд вели дека е инспириран од менаџерскиот стил на Пеп Гвардиола и сака да го повтори неговиот успех со градење на тим кој има вистински баланс меѓу нападот и одбраната.
Таунзенд го замени Верн Котер како шкотски селектор во мај и го предводеше тимот во две победи во три меча во јуни, откако ги совлада Австралија и Италија. Пред првиот домашен тест, 44-годишниот Шкотланѓанец вели дека може многу да се научи од Гвардиола, кој ги предводеше Барселона до 14 трофеи во четири години, пред да биде тренер на Баерн Минхен, и сега на Манчестер сити.
„Целта е да се направи шкотски тим полн со работа, енергија и брзина. Одбраната и работата носат победи. Верувам дека луѓето го гледаат нападот на Гвардиола повеќе од одбраната, но кога беше во Барселона имаше правило за враќање на поседот на топката. Почнаа со седум секунди, а потоа се намали на три секунди. Ние гледавме три додавања и гол за 7:2 победа, но не гледавме како ја добиваа топката. Одбраната секогаш е поврзана со нападот“, ја објаснува Таунзенд својата тренерска филозофија.
Шкотска игра со Самоа на 11 ноември, по што следуваат мечеви против Нов Зеланд и Австралија.