Top Sport

Хаос во Билбао, повредени двајца редари (Видео)

По нередите што пред дваесетина дена ги предизвика хулиганите на Спартак Москва, во Билбао повторно се случи хаос на улиците и на стадионот „Сан Мамес“.

Синиќа во Билбао, пред осмина-финалниот реванш во Лига Европа помеѓу Атлетик и Олимпик, дивееле хулиганите на тимот од Марсеј.

Најлошо минале двајца редари и едно девојче. Еден од редарите на возраст од 57 години бил хоспитализиран со полесни повреди на вратот, а неговиот колега бил ранет во раката.

Ултрасите на Олимпик Марсеј важат за едни од најекстремните во Франција, тие успеале хаосот што го предизвикале на градските улици да го пренесат и на стадионот. Хулиганите фрлале разни предмети и факели на трибината под себе, а еден факел погодил и повредил едно девојче.

Потоа полициските сили влегле на трибината и се пресметала со остинските навивачи.

Scroll to Top