Калчолигашот Милан со нова победа и нови три бода во поход кон Скудетото во Серија А. Вечерва на „Сан Сиро“ настрада тимот на Торино со 2-0.
Избраниците на Стефано Пиоли одиграа рутинирано, дисциплинирано контролирајќи го мечот од самиот почеток.
Уште во 25 минута Рафаел Леао по асистенција на Диаз донесе домашно водство од 1-0.
Конечните 2-0 на овој меч уште во 36 минута ги постави Кеси, од белата точка. Пеналот го изнуди асистентот при првиот гол, Брахим Диаз.
Еден од главните „виновници“ за препородот на „црвено-црниот“ тим од Милано – Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ ја надмина повредата и се најде во игра во 85 минута.
Со овој триумф, „Росонерите“ го надминаа поразот од Јувентус со 3-1 од пред 3 дена и ја зголемија предноста пред второпласираниот Интер на 4 бода.
Торино по вечерашниот пораз останува претпоследен со само 12 освоени бода по одиграни 17 кола.