Тотенхем на Жозе Мурињо продолжи со променливата игра во Премиер лигата, откако со лондонскиот ривал Фулам одиграа само 1:1 за во последните пет меча да имаат само една победа.
Мурињо претходно влезе во вербална војна со менаџерот на Фулам, Скот Паркер, велејќи дека нема симпатии кон нивните маки со презакажувањето на овој натпревар поради позитивните случаи на КОВИД-19, откако нивниот првично закажан меч беше одложен неколку часа пред почетокот.
Хери Кејн во 25. минута ги донесе домаќините во водство по асистенцијата на Регуилон, меѓутоа, Фулам се вратија во 74. минута преку Иван Кавалиеро за да го забележат петтото реми во низа. Овој резултат го остава Тотенхем на шестото место со 30 поени, два зад Лестер, Евертон и Манчестер сити, и шест зад лидерот Манчестер јунајтед. Фулам се уште се во зоната за испаѓање на 18. место со 12 поени, но сега само два зад Брајтон.