Top Sport

Почетино веднаш до трофеј со ПСЖ – победа над Марсеј за Трофејот на шампионите

Маурисио Почетино, конечно, има трофеј како фудбалски тренер! Новиот прв човек на Пари Сен-Жермен, девет дена откако официјално беше именуван, успеа да стигне до титула, нешто што не му успеа во претходните три клуба (Еспањол, Саутемптон и Тотенхем).

Мауро Икарди стрелаше во 39. минута, а во 84. минута изнуди пенал за Нејмар да биде сигурен од белата точка за ПСЖ да дојде до 2:0 водство против лутиот ривал Олимпик Марсеј на „Болаер-Делели“ во Ленс во меч од Трофеј на шампионите, односно француската верзија на Суперкуп. Димитри Паје во 89. минута намали на 2:1 за да ја направи завршницата поинтересна, но на крајот трофејот ќе патува за Париз.

Scroll to Top