Микаела Шифрин победи во слаломската трка во Оре, последна оваа сезона во женска конкуренција. Американката ја забележа седмата победа оваа сезона во која ја одбрани титулата во Светскиот куп и ја освои титулата во слалом.
Американката во трката ја декласира конкуренцијата, по двете трки таа оствари време 1:46.42 минут. На втората позиција Швајцарката Венди Холденер задоцни за 1,58 секунди,а третото место и припадна на Швеѓанката Фрида Хансдотер.