Италијанскиот клуб Лацио тврди дека нивниот финансиски оддел направил грешка и уплатил двапати за трансферот на Педро Нето 11 милиони евра на Спортинг Лисабон наместо на Спортинг Брага поради сличноста на имињата на двата клуба.
Според сметките на Лацио, објавени онлајн, две исплати за Португалецот во јули 2018 и март 2019 биле платени на „Sporting Lisbona“ иако фудбалерот никогаш не играл за овој клуб. Сметките на Лацио и на Брага се спротиставени околу сумата на пари за договорот за Нето – Лацио посочува дека се платени 11 милиони евра, а Брага има приемно 9.5 милиони евра. Кога Лацио го зеде Нето на двегодишна позајмица со обврска за купување во 2017 година, Брага објавија дека ќе добијат гарантирани 12 милиони евра.
Лацио го продаде Нето на Вулверхемптон во јули 2019 за 18 милиони фунти, еден месец откако го направи трансферот од Брага постојан.