Top Sport

Вујовиќ: Норвешка и Хрватска се фаворити за злато на СП

Поранешниот тренер на Вардар и на словенечката репрезентација, Веселин Вујовиќ смета дека Хрватска и Норвешка се најголеми фаворити за злато на Светското првенство, кое вчера стартуваше во Египет.

Вујовиќ, кој сега е тренер на Борац од Бања Лука, смета дека Франција, која досега секогаш играла улога на голем фаворит е ослабена, исто како и Данска.

„Најголеми фаворити за злато се Хрватска и Норвешка. Словенија исто така има одлична репрезентација која може да направи изненадување во Египет. Знам дека сите секогаш ги фаворизираат Данска и Франција поради нивната историја, но на последните натпреварувања не се најдобри“, вели Вујовиќ во интервју за босанскиот весник „Дневни аваз“.

Scroll to Top