Top Sport

Харт го доби пивото од Меси: Горд сум што ми даваше голови!

Англискиот голман, Џо Харт го доби подарокот од Лео Меси, поточно од спонзорот на Аргентинецот, компанијата „Budweiser“

Сите голмани на кои Лео Меси им дал гол добија по толку шишиња пиво од компанијата затоа што аргентинскиот ас на крајот на 2020 година го сруши рекордот на Пеле по бројот на постигнати голови за еден клуб, Барселона. Меси со голот против Валјадолид стигна до бројката од 644, а Пеле за Сантос постигна 643.

Трет на таа листа е Герд Милер, во Баерн стигна до 570 гола.

Фотографии со пристигнатите шишиња пиво испратија Буфон, Облак, Кепа, нашиот репрезентативец, Столе Димитриевски, а тоа го стори и Џо Харт.

Англичанецот прими 2 гола од Меси во периодот додека беше во Манчестер Сити, од 2007 до 2018 година.

„Ништо освен почит за големиот човек. Изгледа чудно, но горд сум што ми даваше голови! Честитам, ми беше привилегија да бидам дел од историјата и успехот кој никогаш веќе нема да биде повторен“ напиша Харт на Инстаграм.

Scroll to Top