Генералниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге вели дека Пеп Гвардиола го расплакал кога му кажал дека сака да си замине од клубот во 2015.
Гвардиола помина три сезони со Баерн во кои освои три трофеи од Бундеслигата, два ДФБ купа и УЕФА суперкупот, но не успе да ја донесе титулата од Лигата на шампиони. Тој реши да преземе нов предизвик со Манчестер сити, но Румениге вели дека во Баерн сите го сакале Каталонецот и дека тој склопил вистинско пријателство со Пеп.
„На една вечер ќе се сеќавам цел живот – во ноември 2015, бевме на јадење заедно и тој ми кажа дека сака да си замине од клубот. Му беше потребно нешто ново. Пеп играше со отворени карти од почетокот. Тоа беше емотивна вечер, тој плачеше, и јас пуштив солзи. Тој е одлична личност со која можеш да се забавуваш. Пеп и јас си пуштаме СМС пораки, бидејќи не е љубител на Ватсап. Си пишуваме за празниците, и мислам дека се креираше вистинско пријателство“, вели Румениге за „Билд“.