Top Sport

Двојна победа на Басино во Крањска Гора

Марта Басино го освои вториот последователен велеслалом во два дена во словенечкиот ски-центар Крањска Гора за своја четврта победа во дисиплината оваа сезона.

Италијанката има неверојатен скор оваа сезона – две трки во велеслалом не ги заврши, но четирите кои ги заврши, ги заврши на првото место. Таа во неделата беше на второто место зад Микаела Шифрин по првото возење, но Американката направи големи грешки во вториот дел од патеката и на крајот заврши како шеста.

Второто место ја освои Швајцарката Мишел Гисин, додека место на подиумот имаше и за домашната надеж, Мета Хроват, за која ова е само трет подиум во кариерата. Во женскиот Светски куп следуваат брзинските трки во Кран Монтана, Швајцарија, каде што ќе се возат спуст и супер-џи.

Scroll to Top