Top Sport

Инсиње и Наполи ја уништија Фиорентина

Наполи се искачи на третото место во Серија А, откако инспирирани од капитенот Лоренцо Инсиње, кој постигна два гола и имаше една асистенција, стигнаа до убедлива 6:0 победа над Фиорентина.

Инсиње го почна гол-шоуто уште во петтата минута, по што во пеколни десет минути во финишот на првото полувреме се случи катастрофа за Фиорентина – голови постигнаа Диего Деме (36.), Ирвинг Лозано на асистенција на Инсиње (38.) и Пјотр Зиелински (45.). Инсиње додаде гол од пенал во 72. минута, а од 73-тата минута шанса во тимот на Џенаро Гатузо доби и Елиф Елмас, пред во 89. минута Матео Политано да ги постави конечните 6:0.

Наполи сега се трети со 34 поени, три зад Интер и шест зад лидерот Милан, додека Фиорентина е на 14. место со 18 поени.

Scroll to Top