Top Sport

Бекам го ангажираше стариот пријател Фил Невил

Фил Невил ќе се приклучи на својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам во Интер Мајами, откако беше потврдено дека ќе биде нов тренер на МЛС клубот откако си замина од позицијата на селектор на женската репрезентација на Англија.

Мајами го отпуштија Уругваецот Диего Алонсо по првата сезона во МЛС лигата во која завршија на 10. место во Источната конференција и загубија во првото коло од плејофот од Нешвил (3:0). За 43-годишниот Невил ова е прва менаџерска работа во машкиот фудбал, откако беше англиски селектор од јануари 2018, носејќи ги до полуфиналето на СП во 2019 година.

Бекам и Невил беа соиграчи во Јунајтед девет сезони, освојувајќи 12 трофеи заедно (шест од Премиер лигата и Лига на шампиони), а играа заедно и во англиската репрезентација од 1996 година.

„Го познавам Фил од времето кога бевме тинејџери во академијата на Манчестер јунајтед и делиме заедничка фудбалска ДНК и сме работеле со најдобрите на светот. Такви вредности сакам во нашиот клуб. Фил има огромно искуство, а ја познавам неговата лична страна, неговата чесност и искреност и работна етика“, вели Бекам.

Scroll to Top