Top Sport

Видал: Го бакнував братот Кјелини, не грбот на Јуве

Чилеанската ѕвезда на Интер, Артуро Видал мораше да објаснува дека не го бакнал грбот на Јувентус намерно кога се гушкаше со капитенот на ривалите Џорџо Кјелини пред стартот на мечот, кој заврши со 2:0 победа на Интер, а самиот Видал постигна гол.

Видал беше член на Јувен од 2011 до 2015 година и многу фанови на Интер гледаа со сомничавост на неговиот гест пред мечот на „Меаца“, но тој објаснува дека се работи само за покажување на љубов кон стариот пријател.

„Мојата намера никогаш не беше да бакнам грб на дрес на друг клуб. Бакнежот беше чин на љубов кон брат кој ми даде фудбал, со кој имав четири заеднички прекрасни години и кого уште го сакам. Го почитувам мојот клуб, фановите и тие кои веруваа во мене да дојдам во овој прекрасен клуб“, напиша Видал на Инстаграм.

Видал (случајно) го бакна грбот на Јуве, па им даде гол!

Scroll to Top