Новак Ѓоковиќ својот прв турнир по долгата пауза ќе го има на Мубадала светскиот тениски шампионат во Абу Даби на крајот на декември.
Српскиот освојувач на 12 гренд слем титули нема играно откако се повлече од полуфиналето на Вимблдон против Томаш Бердих поради повреда на лактот. На турнирот во Абу Даби, кој го има освоено трипати, Ѓоковиќ ќе им се приклучи на Рафаел Надал, Доминик Тим и Стен Вавринка. Турнирот се одржува од 28 до 30 декември.
„Пресреќен сум што се враќам во Абу Даби по петти пат за да учествувам во 10. издание на шампионатот. Вистинска чест е да се биде дел од толку посебен турнир“, вели Ѓоковиќ.
Овој турнир не е дел од АТП турнејата, но организаторите од Обединетите Арапски Емирати даваат фантастични парични награди за да ги привлечат најголемите тениски ѕвезди.