Еден од најдобрите голови на почетокот на 2021 година ни доаѓа од англиската четврта лига, каде што голманот на Њупорт каунти, Том Кинг по само 12 минути од мечот од Лига 2 против Челтенхем постигна гол од својата половина, со малку помош од силниот велшки ветер.
Џошуа Грифитс, голманот на Челтенхем, едноставно немаше решение за патот на топката која се смести зад неговиот грб.
Nothing says League 2 on a wet and windy January Tuesday night like Newport keeper Tom King scoring from a goal kick… pic.twitter.com/vCb6DpLoUN
— Pete Evans (@PeteEvans87) January 19, 2021