Арсенал спогодбено се раздели со Сократис Папастадопулос. Грчкиот фудбалер, од почетокот на сезоната, не е во плановите на Микел Артета.
Сократис во 2018 година беше едно од првите засилувања на Унаи Емери. Тогаш тој пристигна во слободен трансфер од Борусија Дортмунд. Сега на идентичен начин ќе замине од Арсенал.
Медиумите шпекулираат дека тој кариерата ќе ја продолжи во Ла Лига, интерес за него покажале двата клуба од Севилја (Бетис и Севилја).
Во меѓувреме Сократис ја одбил понудата од Џенова, меѓутоа италијанските медиуми тврдат дека „грифоните“ не се откажале и дека подготвиле нова понуда.
? Working closely with @SokratisPapa5 and his team, we have decided to cancel his contract by mutual consent
— Arsenal (@Arsenal) January 20, 2021