Вест хем со 3:2 славеше на гости кај Кристал палас за да се искачи неочекувано на четвртото место на табелата во Премиер лигата, додека Лидс јунајтед исто така оствари гостинска победа од 1:2 на „Сент Џејмс Парк“ против Њукасл.
На „Селхарст парк“ имаше фуриозно отварање на натпреварот – Кристал палас дојде во водство веќе во третата минута преку Вилфрид Заха, за шест минути подоцна Томаш Соучек да израмни на 1:1. Чехот ги донесе „чеканите“ во водство во 25. минута, пред Крег Досон да го осигура триумфот во 65. минута.
Ова е трета победа во низа за тимот на Дејвид Мојс, со која се искачува на четвртото место на табелата со 35 поени, само пет зад лидерот Манчестер јунајтед и еден пред Ливерпул, иако двата големи клуба имаат натпревар помалку.
Лидс, пак, во Њукасл поведе преку Рафиња во 17. минута, но Алмирон израмни во 57. минута, за четири минути подоцна Џек Херисон да ја обезбеди првата победа за Лидс по три натпревари.