Египет, сепак, не успеа да направи сензација и да ги елиминира вечните фаворити Данска во четврт-финалето на Светското првенство на домашен терен, откако во еден маратонски меч по продолженијата, во пенал-драмата, тимот на Роберто Парондо налета на расположениот Никлас Ландин, кој одбрани два пенали за 39:38 победа.
Данците имаа фантастично прво полувреме, во кое имаа 16:13 предност, но Египет се врати во второто полувреме и требаше да има напад за победа во последните секунди, кога добија казна од 2 минути и одземање на топката поради погрешна замена. Данците, не успеаја да постигнат гол во финишот, и се отиде во продолженија.
Во 10-те минути, Данците прво направија предност од два гола, за потоа, во финишот, Микел Хансен, најдобриот стрелец на Данска да биде исклучен поради фрлање на топката кога му беше одземена поради пасивен напад, и Египет да се избори за второ продолжение. Тука повторно имаше драма – Египет имаше водство до финишот, но повторно во последните секунди беше досуден пенал за Данците за израмнување и пенал-серија, во која на сцена стапи Ландин, кој со два одбранети пенали беше клучниот фактор.
Во полуфиналето, Данците би се сретнале со подобриот од мечот Шпанија-Норвешка.
СП ЕГИПЕТ 2021, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Данска – Египет 39:38 (16:13, 12:15. 7:7, 4:3)
Франција – Унгарија 20.30 ч.
Шпанија – Норвешка 20.30 ч.
Шведска – Катар 20.30 ч.
Oi eu sou o Niklas Landin e acabei com o sonho egípcio ?♂️ pic.twitter.com/gMFslOFETG
— Francisco Tavares (@drtavares03) January 27, 2021
?¡¡DINAMARCA a Semifinales!! Niklas Landin y Lasse Svan dan el pase a los nórdicos donde ya esperan al ganador del España-Noruega #Egypt2021 #HispanosRTVE
39 Dinamarca ??
38 Egipto ???https://t.co/wgAVMDSNo2 pic.twitter.com/UN6pAyh88k
— Teledeporte (@teledeporte) January 27, 2021