Барселона се пласираше во четврт-финалето на Кралскиот шпански куп, откако со головите на Лео Меси и Френки де Јонг успеа да се врати од раната негатива против второтолигашот Рајо Валјекано во Мадрид.
По првото полувреме без голови, Фран Гарсија во 63. минута ги донесе домаќините во неочекувано водство. Меѓутоа, кога беше најпотребно тука беше Лео Меси и во 70-тата минута тој израмни на 1:1, пред десет минути подоцна Френки де Јонг со својот четврти гол во последните седум меча да донесе победа за каталонскиот клуб.