Top Sport

Јунајтед од Шефилд му приреди „кошмар“ на Јунајтед од Манчестер

Манчестер јунајтед доживеа шокантен 1:2 пораз на „Олд Трафорд“ од тимот на Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот клуб во Премиер лигата и клуб кој цела сезона има остварено само уште една!

Со овој резултат, Јунајтед не успеа да се врати на првото место на табелата и сега заостанува еден поен зад Манчестер сити, кои дополнително имаат и уште еден натпревар помалку.

Кин Бурк во 23. минута успеа да го совлада Давид де Хеа за шокантно водство на „блејдс“, по што следуваше иницијатива на Јунајтед, која дури во 64. минута резултираше со израмнување преку капитенот Хери Мегвајр. Само десет минути подоцна, повторно „студен туш“ за „ѓаволите“,  Оливер Бурк упати удар, кој од ногата на Туанзебе заврши зад грбот на Де Хеа.

На „Гудисон парк“ пак, Хамес Родригез постигна прекрасен гол, но тој не беше доволен за победа на Евертон над Лестер, откако Јан Тилеманс во второто полувреме израмни и спречи „карамелите“ да избијат пред Ливерпул на табелата.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 20.КОЛО

Брајтон – Фулам 0:0

Евертон – Лестер 1:1

Манчестер јунајтед – Шефилд јунајтед 1:2

Scroll to Top