ФИФА официјално ги предупреди организаторите на Светското првенство во Русија дека ги очекува огромна работа за комплетирање на стадионот во Самара пред СП кое почнува на 14 јуни.
На помалку од три месеци пред првиот меч на стадионот со 45 илјади седишта помеѓу Костарика и Србија, уште нема поставено терен. Работата на „Самара арената“, еден од 12-те стадиони на кои ќе се игра Мундијалот, постојано има некакви одложувања и проблеми.
„Во текот на целиот проект зборуваме за одложувања во Самара. Сега тие се поочигледни иако е направен прогрес. Останува уште многу работа, но важно е што имаме соработка со руските власти“, вели Колин Смит, одговорниот за натпреварувања во ФИФА.
На стадионот ќе се одиграат четири меча по групи, вклучувајќи ја пресметката на домаќините со Уругвај, едно осминафинале и едно четврт-финале.
Фото: ЕПА