Top Sport

Ван Дајк се враќа на терен порано од очекуваното

Добри вести за Јирген Клоп и Ливерпул. Еден од најдобрите светски стопери во моментов, Вирџил Ван Дајк кој е на рехабилитација во Дубаи би можело да се врати на терен порано од очекуваното.

Холанѓанецот во октомври лани се здоби со повреда на вкрстените лигаменти по дербито со Евертон.

Последните информации се дека искусниот дефанзивец би можел да се врати на терен веќе во април, што значи дека ќе е тука во финалната борба за титулата, затоа што сезоната е предвидено да заврши на крајот на мај.

„Црвените“ моментно имаат големи проблеми со повредени играчи, посебно со дефанзивците.

Лошата вест за Клоп е дека вториот стопер, Џо Гомез би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото.

Ливерпул има проблеми да ја склопи дефанзивната линија пред денешниот меч со Вест Хем затоа што и Џоел Матип пак е надвор од стројот, па дефанзивата на актуелниот шампион ќе ја раководи капитенот Џордан Хендерсон со младите Натаниел Филипс и Рис Вилијамс.

Scroll to Top