Францускиот шампион ПСЖ доживеа изненадувачки пораз во 22 коло од Лига 1. Тимот што грчевито се бори од испаѓање, Лориен со 3-2 славеше против „големиот“ ПСЖ.
Нејмар двапати прецизно стрелеша за „Светците“, и тоа на двапати од белата точка, во 45 минута за 1-1 и во 58 минута за 1-2.
Сепак домашниот тим со головите на Абергел (36), Виса (80) и посебно важниот на Мофи во 91 минута славеше триумф кој со сигурност ќе одекне во Европа.
За Лориен денешниот е само 5-ти триумф сезонава во првенството, а ПСЖ го забележа петтиот неуспех со што останува на третата позиција со 45 бода. На второ место е Лил со 46, а со исто толку бода прв на табелата е Лион.