Нова шампионска титула за Данска, во своето петто Мундијалско финале, Данците по вторпат се на светскиот ракометен врв. 26-24 за Данска против Шведска во Каиро за затворање на 27. Светско ракометно првенство.
Голманот на Данска, Никлас Ландин е херојот на оваа селекција откако вечерва собра 15 интервенции.
Швеѓаните парираа речиси во целиот меч, неизвесноста траеше речиси 50-тина минути, но тогаш Ландин ги презема работите во своите раце, „ја спушти ролетната“ и тоа значеше крај за Готфридсон, Ване и другарите.
Во првото полувреме од големото финале ниту една селекција немаше поголема предност од 2 гола.
Во вториот дел израмнет меч имаше до 20-20, оттогаш Данска „додаде гас“ и константно ја имаше предноста на своја страна, најчесто со +2, односно +3 гола.
Микел Хансен со 6 гола беше најпрецизен, 5 постигна Нилсен, а 4 Холм кој играше само во второто полувреме.
Кај Шведска Ване постигна 5 гола (промаши пенал на 2 минути пред крај со кој Швеѓаните ќе беа на -1), 4 гола одат зад името на Лагергрен, а 3 постигна Готфридсон.
?????????????
?????????????
???????
?????????????
?????????????@dhf_haandbold | #Håndbold | #GODenmark | #Egypt2021 pic.twitter.com/RWy9lYOdwm— Handball Egypt2021 (@Egypt2021EN) January 31, 2021